Центар за истражување и анализи НОВУС отвара јавен повик за двајца анкетари за спроведување на теренско и онлајн истражување за проблемите на младите во општина Босилово и Струмица.
Главни задачи:
- Спроведување на анкети и интервјуа со млади во двете општини.
- Прецизно и детално пополнување на анкетираните прашалници.
- Придржување кон насоките и методологијата дефинирана од страна на експертот.
- Редовно известување за напредокот на теренските активности.
Документи за аплицирање:
- Професионална биографија (CV)
Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со свое CV на мејл адресата contact@associationnovus.org со назнака „Апликација за анкетари“ најдоцна до 27 септември, 2024 до 16:00 часот.
Апликации што ќе пристигнат по крајниот рок нема да бидат разгледувани.