Центар за истражување и анализи НОВУС отвара јавен повик за тренер за одржување на работилници за Младински Политики – Креирање и Застапување.
Главни задачи:
- Подготовка на курикулум за 2 работилници за Младински Политики на теми Креирање на младински политики и Застапување на младински политики;
- Подготовка на потребни материјали, програма и агенда за работилниците;
- Одржување на 2 работилници за Младински политики со вклучување на претставници од младинските совети од Струмица и Босилово;
- Креирање краток извештај по завршување на работилниците.
Експертот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:
- Да е државјанин/ка на Република С. Македонија
- Да има искуство во подготовка и водење на работилници
- Да има искуство и знаење од областа на Младински Политики, Застапување и Креирање
- Да има добра комуникација со Локалните Младински Совети.
Документи за аплицирање:
- Професионална биографија (CV)
-
Писмо за мотивација
Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со свое CV и мотивациско писмо коешто одговара на потребите на овој отворен повик на мејл адресата contact@associationnovus.org со назнака „Апликација за тренер за спроведување на работилници за Младински Политики“ најдоцна до 11 Октомври, 2024 до 16:00 часот.
Апликации што ќе пристигнат по крајниот рок нема да бидат разгледувани.
Оваа иницијатива се спроведува со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамки на проектот „Практикувај демократија” поддржан од Британската амбасада во Скопје.