Донаторскиот кружок доаѓа во Струмица за прв пат! Ова возбудливо и иновативно случување ги поврзува граѓаните кои сакаат да донираат со граѓански организации (ГО) кои нудат решенија за предизвиците во нашите заедници. Замислете место каде што малите донации од многу луѓе се спојуваат за да создадат големо влијание. Тоа е магијата на Донаторскиот кружок!
Донаторскиот кружок е повеќе од обично собирање средства. Тој е заедница на донатори кои во живо, со страст поддржуваат каузи во кои веруваат. Тоа е шанса за граѓаните да придонесуваат внимателно и смислено во доверливи организации кои посветено работат за позитивни промени.
На нашиот прв Донаторски кружок во Струмица, Центарот за истражување и анализи НОВУС, како Локално акциско јадро на Конект, заедно со Лидерската група, ќе избере три организации со иницијативи соодветни за поддршка од индивидуални донатори. Предност ќе имаат организации кои ќе покажат спремност и јасност за како ќе ја промовираат својата активност и како самите ќе прават fundraising за сопствената активност
Со задоволство објавуваме:
П О В И К З А Г Р А Ѓ А Н С К И О Р Г А Н И З А Ц И И
што ќе се претстават на Донаторскиот кружок во општина Струмица.
Ако вашата организација е посветена на својата мисија, има јасен и транспарентен пристап и активно работи за создавање на промени, сакаме да слушнеме за вас!
Кој може да аплицира?
Сите локални граѓански организации кои ги исполнуваат следниве критериуми имаат право на учество:
- Регистрирани според Законот за здруженија и фондации и постојат најмалку една година пред објавата на овој повик 2024 година.
- Се транспарентни во своето работење, со јавно достапни годишни програмски и финансиски извештаи, управувачка структура и контакт информации.
- Се посветени на својата мисија, со активности кои континуирано се усогласени со нивните цели и потребите на нивните целни групи.
- Проектните активности им се насочени локално, односно целна група се жителите на општина Струмица.
- Промовираат позитивни вредности и не поддржуваат екстремизам или политички партии.
Зошто да учествувате?
Со учеството во Донаторскиот кружок, вашата организација ќе има можност да:
- Го претстави своето работење пред заинтересирана публика на потенцијални донатори.
- Добиете поддршка од индивидуални донатори, со можност за собирање по 60.000 МКД.
- Градите врски, да ја проширите вашата мрежа и ја зголемите видливоста во заедницата.
Услови за избраните организации:
- Да подготват 5-минутна презентација според насоките на ЦИА НОВУС и Конект.
- Да обезбедат најмалку пет донатори (физички лица) кои ќе учествува на настанот и ќе бидат подготвен да донираат најмалку почетен износ (1000 МКД) за нивната организација.
- Да потпишат договор за донација со ЦИА НОВУС. Притоа, за покривање на дел од трошоците за организација на настанот и администрирање на донациите, се задржува 7% од собраните средства;
- Дa oбезбедат редовни информации за наменско користење на донираните средства и краток извештај за постигнувањата.
- Да ги спроведат активностите финансирани од Донаторскиот кружок во рок од една година.
Краен рок за аплицирање:
Поднесете ги вашите апликации најдоцна до 25.10.2024 година на следниот линк Аплицирајте на следниов линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSfVAeEd0…/viewform. За сите прашања во врска со постапката за аплицирање, контактирајте не на contact@аssociationnovus.org најдоцна до 20.10.2024 година.
За Донаторскиот кружок:
Донаторскиот кружок е лиценциран модел на The Funding Network (TFN), Конект е овластен партнер за спроведување и промовирање на оваа методологија национално, а нашето локално акциско јадро ги има потпишано принципите не TFN за спроведување на кружокот на локано ниво. Досега, Конект има организирано 5 донаторски кружоци во Скопје. На првиот кружок се собрани 300.000 денари и истиот е со растечки успех секоја година. На последниот кружок во 2024 година се обрани дури 1.000.000 денари за трите организации. ЦИА НОВУС е локално јадро на Конект во општина Струмица, со нивна експертиза и менторство, во рамки на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ го организира кружокот во Струмица за поттикнување на филантропијата и градење култура на донирање и заедништво.
Придружете ни се во ова ново возбудливо патување и бидете дел од нешто посебно за нашата заедница! Ве покануваме да ја пополните апликацијата за учество.
Повеќе информации околу настанот може да погледнете тука. Доколку имате дополнителни прашања можете да ги поставите на нашата е-маил адреса.
Донаторскиот кружок е дел од активностите на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ спроведуван од Конект .
Ги очекуваме вашите апликации.