Центарот за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на модератор за потребите на подкастот Vision of Voices, кој ќе води епизоди посветени на младински погледи за поодржлив и зелен свет, во рамки на проектот.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА МОДЕРАТОР/КА:
- Водење на 4 подкаст епизоди во рок од 2 месеци.
- Темелно истражување на позадината на гостите на подкастот и подготовка на соодветни прашања.
- Креирање на програма за работа која ќе содржи информации за темите на епизодите и гостите, во координација со проектниот координатор.
- Поднесување краток извештај после секоја епизода за работата и координацијата на модераторите.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Млади лица од 15-29 години.
- Одлични комуникациски вештини на македонски и/или англиски јазик.
- Претходно искуство во истражување на говорници и креирање на прашања од младински интерес.
- Ентузијазам за тимска работа.
ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ:
Избраните кандидати ќе добијат месечен надомест по завршување на месечните обврски.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Заинтересираните кандидати треба да испратат своето CV и мотивациско писмо најдоцна до 15.05.2025 на е-маил адресата: d.kirova@associationnovus.org и во cc contact@associationnovus.org со назнака „Поднесување на апликација за модератор/ка за подкастот Vision of Voices”.
За повеќе информации, контактирајте не на: contact@associationnovus.org.