May
Здружението „НОВУС“ започна со реализација на проектот „Младите и младинските организации – силен партнер на општина Струмица“ којшто е целосно поддржан од општина Струмица во рамките на G1 програмата за 2017 година.
Примарна цел на овој проект е исполнување на дел од Стратегијата за млади на општина Струмица 2015-2020 година со посебен акцент на зголемување на улогата на младите и младинските органзации како силен партнер на општината и зголемување на учеството на младите во процесите на локално донесување на одлуките, како дел од утврдените приоритети во самата стратегија, особено во време на транзиција на државата, градење на демократијата и почитување на човековите права и во таа насока влијанието на младите врз демократските и политичките процеси.
Секундарна цел е да се зајакнат капацитети на младите, да се интензивира соработката меѓу граѓанските организации во рамките на мерките 1.1 Програма за развој на младински иницијативи, 1.2 Креирање модели за комуникација со организациите на младите, 1.3 Мерки за вклучување на младите од градот Струмица и од руралните средини во проектите, 2.1 Воспоставување нови методи и концепти за вклученост на младите во процесот на одлучување и креаторите на локалните политики со цел превземање на соодветни акции кои ќе придонесуваат кон подобрена социо-економска положба на младите во општина Струмица.
Покрај ова, со овој проект ќе се настојува да се зајакне и улогата на младите и младинските организации во креирањето на локалните политики во функција на силен коректив на власта, заради еднакви можности на младите гледано од родов аспект во сите сегменти на вклученост во процесот на градењето на општина по мерка на граѓаните.