Jun
Здружението НОВУС во рамките на проектот „Младите и младинските организации како партнер на општина Струмица“ организираше тренинг со цел да се зголеми улогата на младите и младинските органзации како силен партнер на општината и да се зголеми учеството на младите во процесите на локално донесување на одлуките како дел од утврдените приоритети во Стратегија за млади на општина Струмица, особено во време на транзиција на државата, градење на демократијата и почитување на човековите права и во таа насока влијанието на младите врз демократските и политичките процеси. Тренингот беше фасилитиран од Александра Живковиќ од Младински образовен форум (МОФ).
Покрај ова, на овој тренинг се разгледуваа и модели на формирање на младински советодавни тела чија цел ќе биде штитење на правата на младите и општествена инклузија на младите во сите сфери на општественото живеење.