15
Jul
Jul
Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица претставувано од Александар Милушев и здружението за култура и уметност Сцена претставувано од Бранко Бенинов склучија меморандум за соработка.
Со овој меморандум тие се обврзаа за заедничка реализација на активности и делување во областите кои се од заеднички интерес и цел, како и во унапредувањето на заедничка соработка со други институции и граѓански организации.
Со овој меморандум, покрај реализацијата на заеднички активности, здруженијата се обврзаа да разменуваат искуства и знаења, да аплицираат на заеднички проекти и да придонесат заеднички со целиот свој капацитет за јакнење на граѓанското општество како коректив на работата на властите.