Sep
Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица организира тркалезна маса на тема „Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспарентност и отчетност на институциите од Југоисточниот плански регион“.
Целта на оваа тркалезна маса е да се слушнат различни ставови и искуства, да се актуелизира прашањето за прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од ЈИПР со цел зголемување на информираноста на граѓаните.
Покрај ова, цел е и да се поттикне здружено делување на НВО организациите и медиумите од Југоисточниот регион во насока на заеднички пристап кон мобилизирање на што поголем број на граѓани да се поттикнат да бидат коректив на властите и активно да влијаат врз работата на локалните и државните институции на отчетноста и јавните информации.
Тркалезната маса се организира со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија со финансиска поддршка од Европската Унија.
Тркалезната маса ќе се одржи утре (14.09. четврток) 2017 година со почеток во 18 часот во Домот на АРМ (нова сала на Советот на општината).