Feb
Интегрален текст од изјавата на Венерка Ристовска, член на НОВУС:
Почитувани,
Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за институционална поддршка од ФООМ за програмско јакнење денес организираше јавна дебата „Македонија на патот кон ЕУ – можности, придобивки, закани“ со цел промовирање на европските вредности, принципи и политики заради подобрување и унапредување на владеењето на правото, демократијата и хармонизирањето со ЕУ.
На дебатата учесниците ги изнесоа своите аргументи во врска со можностите што би ги добила Македонија од членството во европското семејство, придобивките, но и заканите со кои се соочува.
Целта е преку јавна дебата да поттикнеме да се зборува за важни прашања од национален интерес како што е прашањето за Европската унија и преку излагањата на учесниците е да се иницира размислување кај граѓаните, со посебен акцент на младата популација.
Ние како организација остануваме доследни на ставот дека примарно треба да се работи од локално ниво на промовирање на ЕУ политиките и истите да се шират на ниво на цела држава. Така во целост ќе имаме држава, но и граѓани подготвени да ги споделуваат европските вредности.