Mar
Центарот за истражување и анализи НОВУС Струмица, во рамките на проектот за институционална поддршка и јакнење на капацитетите поддржан од ФООМ организира тркалезна маса со засегнати страни за дефинирање на ефикасен механизам за вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на донесување на одлуки во општините.
Овој настан активно придонесува кон остварување на Цел 5: „Потенцирање на важноста на граѓанскиот сектор во процесот на донесување одлуки во процесот на креирање на локалните и националните политики, со конкретни предлози за промена на јавни политики во заедниците кои ќе не потврдуваат како коректив на властите во имплементацијата на демократските процеси во државата“
Настанот ќе се одржи во просториите на НОВУС во ТЦ Глобал, II кат на 02.03.2018 (петок) со почеток во 17:30 часот.