Mar
Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот за иституционално јакнење на организацијата поддржан од ФООМ организираше тркалезна маса со наслов „Значењето на практичната работа во процесот на вработување“ со цел развивање на дискусија и наоѓање на решенија преку кои ќе се промовира практичната работа кај младите и бенефитите кои произлегуваат од тоа во процесот на барање на работа.
На тркалезната маса присутни беа млади, професори, претставници од граѓански организации, медиуми, претставници од агенцијата за вработување и од локалните власти.
Во заедничка корелација со сите чинители, беше утврдено дека практиканството мора да биде дизајнирано за да им овозможи на младите практично познавање и користење на изучуваните дисциплини, професионален развој и запознавање со понатамошната работа.
Сепак она што е важно, практиканството не смее да биде само формалност, туку истото да биде максимално искористено како од страна на работодавачите, така и од страна на младите лица, но без да се вршат никакви злоупотреби.