May
Здружението на граѓани „Центар за истражување и анализи НОВУС“ во наредните дванаесет месеци ќе спроведува два прокети за унапредување на граѓанскиот сектор во носењето на одлуки на локално ниво. Првиот е „Партнерството мотор на демократијата“во соработка со општина Струмица, во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ финансиски поддржан од Европската Унија, а имплементиран од организацијата АЛДА – Европска Асоцијација за Локална Демократија,Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија.
Другиот проект е „Здружен, силен и динамичен граѓански сектор“, и истиот се спроведува во рамките на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“, финансиран преку Европската унија, имплементиран од Фондација за одржлив економски развој „Преда“.
-Со реализацијата на овие два проекти сакаме да придонесеме кон партиципативно учество на граѓанскиот сектор и граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и да го унапредиме дијалогот на граѓанските организации со локалните власти во процесот на креирање на политики и да бидат коректив во спроведувањето на локалните политики од страна на локалните власти и мониторирање на локалните власти за транспаретно и отчетно владеење, информираат од НОВУС.
Од НОВУС се надеваат дека овој период ќе имаат успешна соработка со граѓанскиот сектор, граѓаните и локалната самоуправа и дека ќе ја унапредат уште повеќе соработката со општинските власти, бидејќи и во двата проекти општина Струмица се јавува како партнер.