Jun
Центарот за истражување и анализи НОВУС, Струмица започна со спроведувањето на истражување за степенот на партиципативност на граѓаните и граѓанските организации и нивното учество во донесувањето на одлуки на локално ниво, како и нивното задоволство од достапноста на услугите што ги нуди локалната самоуправа. Ова истражување е во рамките на проектот „Партнерството мотор на демократијата“, во соработка со општина Струмица регрантиран преку проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Европска Асоцијација за Локална Демократија АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Република Македонија.
Како алатка за прибирање на потребните податоци е изготвен и анкетен прашалник кој треба да придонесе во истражувањето и даде увид во потребните податоци за регионот на општина Струмица.
Истражувањето ќе се прави на репрезентативен примерок на популацијата на општина Струмица и ќе бидат опфатени 250 испитаници.
Во продолжение е линк до прашалникот:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSckSPDzBHXucrwGSDxjs0ZBVsfqRsFwP_YAV_Ed92Mj9rPITA/viewform