Nov
Центарот за истражување и анализи НОВУС , во рамки на проектот “Партнерството мотор на демократијата” , финансиран од страна на Европската Асоцијација за локална демократија ( АЛДА) од Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија и Европското Движење, дел од ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015 година, спроведe три еднократни работилници, во секое од трите општински средни училишта, заради запознавање со основните човекови права и во таа насока нивно почитување во ракмите на спроведувањето на политиките на властите.
На секоја од трите работилници имаше голема заинтересираност од страна на учениците кои беа запознаени што се тоа човекови права, како да научат да ги почитуваат или при евентуални повреди и судири да ги разрешуваат.
Човековите права и слободи како стандарди мора да се почитуваат во сите сфери на секојдневното човеково живеење во државата која пак мора да ги промовира и гарантира како нејзина основна обврска спрема граѓанинот. Рамката на човековите права доколку ја познаваме и се повикуваме на неа е конечно водечка насока за трасирање на нашата иднина. Таа претставува важен критички систем за поддршка и моќно средство за активно дејствување против сегашната општествена дезинтеграција и нетолеранција коишто владеат во целиот свет.
Преку раното запознавање на младите за оваа тема придонесуваме тие активно да се вклучат во почитувањето на човековите права и слободи со што придобивката од тоа ќе се гледа во целото општество.