Jan
Денес во рамки на проектот ,,Волонтерството – надеж за иднината!”, кој Центарот за истражувања и анализи НОВУС го имплементира со помош на Цивика мобилитас, се реализираше Фокус група со претставници од граѓанските организации од Струмица и регионот со што се разви мошне квалитетна дискусија со размена на искуства, практики и техники која даде одговор на многу прашања. Дискусија преку која исто така произлегоа мошне квалитетни податоци, методи и техники за јакнење и развојот на волонтерското ангажирање на локално ниво кои граѓанските организации ќе ги применуваат и спроведуваат во иднина.
Продуктивноста на фокус групата беше на високо ниво и покрај тоа што бројката на присутни беше солидна, учесниците несебично ги кажуваа своите видувања, проблеми, споделуваа искуства, разговараа околу своите спротиставени мислења, искрено разговараа за секојдневните проблеми со кои се соочуваат одговарајќи ги прашањата и барање на соодветни решенија за подобрување на волонтеризмот и привлекувањето волонтери. Дискусијата која се разви во самиот тек, учесниците како група беа динамични, дел од нив повеќе доминираа при дискусијата ,но позитивно беше тоа што сите подеднакво беа вклучени и сериозно ја сватија својата улога каде сериозно одговараа на поставените прашања со цел да се изнајде решение како да се подобри квалитетот во општеството. Како заклучок може да се издвои дека од вакви фокус групи каде има присутно и помал број учесници, може да бидаг ефективни и доколку самите учесници се опуштени и сериозни во својата дискусија.
Генералниот заклучок од присутните беше дека на вакви интимни средби многу полесно и искрено може да се разговара за вакви деликатни прашања коишто секојдневно не опкружуваат, отколку во одредена институција или во јавност да се каже своето мислење и да се споделат лошите и добри искуства со кои секојдневно се соочуваме.