Aug
Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица почнува со реализација на проектот „Силни и гласни млади – здрава и перспективна заедница“ којшто е во склоп на Проектот за младинско изразување којшто го спроведува Младински образовен форум , Младински совет Крушево и Љоја а е финансиран од Европската Унија.
Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните младински структури и зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво, како и зголемување на младинското учество и активизам преку развој на практики насочени кон слобода на изразување.
Ваквата цел НОВУС планира да ја оствари преку спроведување на низа активности како што се фокус групи за изнаоѓање на нови начини и концепти за иницирање на младинско вклучување во младински организации; креирање на програма за развој на младински иницијативи во Струмичкиот микро регион; креирање на дата база на младински организации, мотивациски викенд за млади, ќе биде спроведено истражување со цел утврдување на фактичката состојба кое подоцна ќе послужи за изработка на прирачник на позитивни и иновативни практики од западноевропските земји каде младите учествуваат во процесите на одлучување.