Oct
Во рамки на проектот „Силни и гласни млади – Здрава и перспективна заедница“ како дел од „Проектот за младинско изразување“ на Младински Образовен Форум кој го спроведува во партнерство со Младински Сојуз – Крушево и Центар за Балканска соработка Лоја, финансиран од IPA Civil Society Facility на Европската Унија, НОВУС креираше документ Програма за развој на младински иницијативи 2020-2024 година.
Овој документ ги содржи визијата, мисијата, основната цел, Стратешките цели и во нив специфичните цели, активностите преку кои ќе се остварат нашите цели и очекуваните резултати во рамките на определена временска рамка за 2020-2024 година и начинот на финансирање. Истиот ќе претставува основен водич за работата на членството и на избраните раководни лица во органите и телата на Здружението на граѓани „Центар за истражувањa и анализи НОВУС“ од Струмица за претстојниот четиригодишен период. Основна стратешка цел на која ќе се концентрираме во нашата работа а ќе биде остварена преку реализирани активности во овој четиригодишен период е здружението да се зајакне на сите нивоа, да стане препознатлива организација кај младите која ќе креира простор и сцена за развој и поддржка на млади, да биде силен и препознатлив фактор во граѓанскиот сектор како на локално така и на национално ниво и да се етаблира како сериозен коректив на локалните и националните власти во процесот на градење на демократско општество, општество со еднакви можности за сите. Општество во кое ќе се почитуваат човековите права и слободи на секој граѓанин.
Здружението на граѓани ЦИА НОВУС од Струмица со своето искуство, посветеност,професионалност и иновативност, водејќи се од основните вредности и принципи во овој четиригодишен период ќе се стреми во целост да ги реализира планираните активности заради исполнување на очекуваните резултати за да во иднина како силно, самостојно и независно здружение, поединечно и како дел од целокупниот граѓански сектор ќе придонесе да го зацврсти младинскиот активизам и активното вклучување на младите во заедницата како и зајакнување на својот кредибилитет и кредибилитетот на целокупниот граѓански сектор во локалната заедница и во државата. Темелите на здружението „НОВУС“ се помагање, решавање и справување со социјалните и економските проблеми на ранливите општествени групи, преку идентификување и
развивање на чуство на солидарност и помагање на овие групи.
Програмата може да ја симнете на следниот линк: