НОВУС ги поддржува жените претприемачи!
▶️Тренер на академијата: Јован Сталевски
👉 Јован Сталевски е докажан проектен менаџер, консултант и обучувач специјализиран во полето на претприемништво, маркетинг, кариерен развој и пристап до фондови. Тој има повеќе од 10 години искуство во областа и поседува голем број менаџментски сертификации, меѓу кои ЦЕФЕ (економии засновани на компетенции и формирање на претпријатија) лиценциран тренер и ВРС (вештини за подготвеност за работа) тренер, кои пак, секојдневно ги користи во помогањето на клиентите од профитниот и непрофитниот сектор.
👉 Тој е креатор на поголем број Ерасмус+ проекти и соработува со широка мрежа на бизниси, непрофитни и јавни организации ширум Европа.
Заеднички со проектниот тим, ќе ја води кон остварување, визијата на овој проект да биде стожер на креирањето на поддржувачки и функционален претприемнички систем на Македонија.
🗯️ Јован е дипломиран економист во областа на Маркетинг Менаџментот и негова следна цел е да биде примен на мастер студии за стратешки проектен менаџмент.
Пред овие искуства, тој има интернационално искуство како ЕВС (Европски Волонтерски Сервис) во Франција, каде што работи како едукатор и лидер на младински работни кампови. Со ова искуство тој ја разви способноста и љубовта да работи со луѓе и взаемно да си помагаат со цел личен и професионален развој. Течно зборува Англиски, Француски и Бугарски.
Доколку сте заинтересирана за учество на Академија за деловни компетенции ве молиме пополнете ја апликацијата на следниот линк:
https://forms.gle/RzT8Vqw8xHWRoRcU9
5 Comments
Comments are closed.
Почитувани,сакам да учествувам на обуката
Почитувана Анита,
Во прилог ви ја испраќам апликациската форма на која доколку сакате да учествувате ќе мора да се пријавите, а ние дополнително ќе ве известиме по маил за резултатите од селекцијата на учесниците.
https://forms.gle/RzT8Vqw8xHWRoRcU9
Sakam da ucestvuvam
Почитувана Ирена,
Доколку сте заинтересирани за учество во академијата, во прилог ви испраќам апликациска форма која мора да ја пополните за да учествувате. Бројот на учесници е ограничен. Резултатите од селекција на учесници на акдемијата ќе бидат соопштени по маил.
https://forms.gle/RzT8Vqw8xHWRoRcU9
Sakam da se prasam dali obukite vo razlicnite gradovi se posledovatelni edna po druga ili e edna ista vo tri razlicni mesta?
Vi blagodaram