Центар за истражување и анализи НОВУС отвара јавен повик за двајца едукатори/ки за одржување на Едукативни Работилници и Сесии за Менструално здравје во рамки на проектот “Циклус на Грижа: Поддршка за Женското Здравје” чија реализација е овозможена од dm дрогерие маркт.
Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот, предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Планирање,организирање и спорведување на 8 работилници во 8 различни Средни училишта од Југоисточниот плански регион.
- Паралелно спроведување на обуки и за наставниците и здравствени работници, со цел зголемување на нивната свесност за важноста на менструалното здравје и обезбедување на поддршка за учениците.
- Изработка на програма и агенда за работилниците и обуките.
- Одржување на работни состаноци и координација со проектниот тим(во текот на целиот ангажман).
Потребни квалификации
- Високо образование од областа на психологијата или здравството
- Претходно искуство во едукативни и тренинг програми, особено со млади.
- Развиени комуникациски вештини и способност за пренесување на чувствителни теми на разбирлив начин.
- Способност за работа со различни возрасни групи (ученици и наставници).
- Посветеност и разбирање за темата на менструално здравје и неговото значење.
Предност ќе имаат кандидатите кои:
- Имаат претходно искуство со млади и со теми од областа на репродуктивното и менструалното здравје.
- Се здравствени работници (гинеколози, медицински сестри) или психолози со искуство во работа со млади.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават:
1. Кратка биографија (CV)
2. Мотивациско писмо (Ве молиме во мотивациското писмо да наведете како вашето претходно искуство и квалификации одговараат на задачите и целите на проектот)
Документите треба да се испратат на е-маил: contact@associationnovus.org најдоцна до 21.10.2024 (понеделник).