Здружението на граѓани „Центар за истражувања и анализи НОВУС“ во рамките на проектот ,, Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание’’ во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини“, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија на ден 14.03.2024 година објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1(ЕДЕН) ЕКСПЕРТ ЗА ИЗРАБОТКА НА 4 ПОЛИСИ БРИФ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО 4 ОПШТИНИ ОД СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН
- Опис и цели на проектот
Општа цел на проектот е да се промовираат одржливи практики, управување со животната средина и ангажман на заедницата во струмичкиот микро-регион, со фокус на унапредување на зелените политики, справување со еколошките предизвици и поттикнување колективна одговорност за позелена иднина. Проектот ги има следните краткорочни цели : (1) Зголемена свест и разбирање за постоечките зелени политики и програми, (2)Идентификување на приоритетните еколошки проблеми и ангажирање на заедницата, (3)Поттикнување на координација и соработка меѓу засегнатите страни, (4)Примена на добри пракси и политики во Струмичкиот микро регион (5) Зголемена ангажираност на властите за заштита на животната средина (6) Зголемена ангажираност на заедницата за колективни приоднеси за заштита на животната средина (7) Зголемена вклученост на населението во процеси на креирање политики на локално ниво поврзани со заштитата на животната средина (8)Воспоставена соработка со останати граѓански организации, локална власт и други релевантни чинители за развој на заедницата (9)Зголемено учество и влијание на младите и младинските организации во политиките поврзани со заштитата на животната средина (10) Зајакнување на капацитетите на младинските организации за застапување пред локалните власти за еко-проблеми
- Опис на активноста
Целта на оваа активност е да се развијат 4 полиси бриф документи приспособени за секоја општина во Струмичкиот микро-регион, општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица, нудејќи јасни и концизни препораки за одржливи и еколошки политики. Преку истражување, консултации со засегнатите страни и анализа на политиките, брифовите ќе ги наведат акционите стратегии за справување со идентификуваните еколошки предизвици и подобрување на постоечките зелени политики.
- Работни задачи и очекувани резултати
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
-Да изработи 4 кратки полиси бриф документи од 2-6 страни по документ, кои документи ќе содржат предлог решенија до општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, со кои препораки општините би ги подобриле политиките кои се однесуваат за заштита на животна средина;
– Во полиси бриф документите треба да бидат формулирани препораки кои се применливи и изводливи на локален контекст, а се базирани на претходното истражување спроведено во рамки на проектот „Одржлива синергија за колективно еко влијание“, како и на извештаите од спроведени фокус групи со чинители од четирите општини;
– Да даде експертско мислење со конечни заклучоци од направениот Полиси бриф;
– Да соработува со проектниот тим на ЦИА НОВУС во изработката на овие документи согласно предложената временска рамка; оординација со проектниот тим
4.Временска рамка и плаќање
Работниот ангажман ќе биде спроведен во 10 работни денови додека пак полиси брифот треба да е подготвено и финализирано заклучно со 15.04.2024. За секој работен ден е предвиден надоместок во висина од 3.500 денари. Исплатата ќе се изврши по доставената финализирана верзија на полиси брифот а по одобрување на месечниот извештај од страна на проектниот координатор.
- Профил и потребни квалификации
Експертот/ката за изработка на полиси брифот треба да ги исполнува следниве квалификации:
- Завршено високо образование во област релевантна на овој јавен повик;
- Напредно познавање и служење со Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност;
- Познавање на контекстот во однос на младинското учество и влијание врз политики во области за заштита на животна средина на локално ниво;
- Искуство во изработка и подготовка на анализи, извештаи, прирачници, упатства и слично;
- Развиени истражувачки и аналитички вештини.
- Начин на пријавување, потребни документи и контакт лице
Доколку сте заинтересирани за аплицирање за подготовка на упатството и ги исполнувате условите наведени во точка 5 од овој јавен повик потребно е да се достави CV/детална биографија во која ќе бидат наведени референци со кои се потврдува исполнувањето на условите.
Потребните документи треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@associationnovus.org со назнака Апликација за експерт/ка за изработка на полиси бриф за изработка на 4 полиси-бриф документи за предлог решенија до четирите општини со што тие ќе ги подобрат политиките кои се однесуваат за заштита на животна средина. Рокот за аплицирање заклучно со 20.03.2024 година ( среда) 23.59часот
Пристигнатите апликации ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од проектниот тим на Здружението на граѓани ,, Центар за истражувања и анализи НОВУС.
Контакт лице во врска со објавениот јавен повик е Ѓорги Милушев, координатор, е-поштa: g.milusev@associationnovus.org , тел: +389 75 495 003.