Центар за истражување и анализи НОВУС објавува отворени работни позиции за потребите на проектот “Зајакнување на младите преку нови можности 2” за ангажирање на:
- Проектен менаџер
- Проектен асистент/работник со млади
- Обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади
Објснување на работни позиции:
1. Проектен менаџер
Проектниот менаџер ќе ја има одговорноста да ја води имплементацијата на проектот, а со тоа и да ги имплементира активностите и задачите наведени во проектот во согласност со националните законски барања и условите на договорот за грант.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Водење на проектен циклус според проектна апликација
- Навремено спроведување на проектни активности
- Навремено и ефективно водење на проектниот тим
- Комуникација со тимот на НОВУС
- Комуникација со проектниот тим
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Завршено високо образование
- Искуство со управување (координирање) на проектот
- Државјанин на Република Северна Македонија
- Место на живеење Струмица
- Одлични комуникациски вештини
- Одлични координациски вештини
- Желба и ентузијазам за тимско работење
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 11.03.2024 (Понеделник), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и мотивациско писмо со назнака на мејлот “Апликација за отворен повик за проектен менаџер за потребите на проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ 2” на е-маил адресата: contact@associationnovus.org.
2. Проектен асистент/работник со млади
Проектниот асистент/работник со млади ќе ја има одговорноста да асистира во процесот на проектно работење. Овде спаѓа идентификација и селекција на учесници за проектот, спроведување на проценка, спроведување на тренинзи и обуки за животни вештини и тренизни за вработување на млади, кариерно советување на млади и споделување на можности за стручни курсеви, соработка со компании и можни работодавци за практикантска работа и можности за вработување на млади.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Асистирање во процес на проектно работење
- Навремено и ефективно извршување на задачи и проектни активности
- Комуникација со тимот на НОВУС
- Комуникација со проектниот тим и проектен менаџер
- Идентификација и селекција на соодветни учесници во проектот
- Проценка и кариерно насолување кај млади
- Спроведување на тренизни и обуки за животни вештини и тренизни за вештини за вработување кај млади
- Соработка со компании и можни работодавци
- Истражување на отворени практикантски позиции и обезбедување на можности за вработување за млади
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Завршено високо образование
- Искуство со работа со млади
- Државјанин на Република Северна Македонија
- Место на живеење Струмица
- Одлични комуникациски вештини
- Одлични координациски вештини
- Желба и ентузијазам за тимско работење
- Одлично работење со млади
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 11.03.2024 (Понеделник), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и мотивациско писмо со назнака на мејлот “Апликација за отворен повик за проектен асистент/работник со млади за потребите на проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ 2” на е-маил адресата: contact@associationnovus.org.
3. Обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади
Обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади ќе ја има одговорноста идентификува и селектира соодветни учесници за проектот, да врши проценка на учесниците во проектот, да нуди кариерно насочување и тренинзи за млади, како и да обезбеди психо-социјална поддршка за млади.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Асистирање во процес на проектно работење
- Навремено и ефективно извршување на задачи и проектни активности
- Комуникација со тимот на НОВУС
- Комуникација со проектниот тим и проектен менаџер
- Идентификација и селекција на соодветни учесници во проектот
- Проценка и кариерно насочување кај млади
- Спроведување на тренизни и обуки за животни вештини и тренизни за вештини за вработување кај млади
- Соработка со компании и можни работодавци
- Истражување на отворени практикантски позиции и обезбедување на можности за вработување за млади
- Обезбедување на психо-социјална поддршка за млади
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Завршено високо образование
- Искуство со работа со млади
- Државјанин на Република Северна Македонија
- Место на живеење Струмица
- Одлични комуникациски вештини
- Одлични координациски вештини
- Желба и ентузијазам за тимско работење
- Одлично работење со млади
Образавание – завршено високо образование – дипломиран психолог. Искуство во работа со млади.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 11.03.2024 (Понеделник), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и мотивациско писмо со назнака на мејлот “Апликација за отворен повик за обучувач и специјалист за кариерно насочување на млади за потребите на проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ 2” на е-маил адресата: contact@associationnovus.org.