Во склоп на проектот EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех, во организација на ЦИА Новус Струмица, а финансирано од Фондација Отворено Општество Македонија, се спроведуваат бесплатни обуки во 7 градови на тема: “Усогласеност со ЕУ бизнисот и можности за соработка во рамки на ЕУ”, со цел разбирање на правните и регулаторни барања, обврските за излез и работење на европскиот пазар, стандарди за производи, трговски регулативи, закони за заштита на податоци и вработување.
На 22.02.2024 (четврток) обуката ќе се спроведува во Радовиш на 20.02.2024 (вторник) во Ресторан Гринс со почеток од 11 часот. Пријавувањето за учество на оваа обука се врши со оставање на податоци на следниот линк https://forms.gle/wVbC48fEzxhvTpgW9 при што нашиот тим во најбрз рок ќе Ве контактира.