Центар за истражување и анализи НОВУС го спроведува проектот “Идентификување и промовирање на инклузивни решенија во услови на криза”. Проектните активности се насочени кон поттикнување на партиципативни процеси и употреба на алатки за истражување на еднаквост помеѓу мажи и жени во услови на криза во планирањето на програмите, буџетските политики и стратешкото планирање.
Една од клучните проектни активности предвидува подготовка на анализа од теренско истражување за потребите на жените и мажите со интерсекциски пристап, преку разработување на инструменти за собирање податоци, регрутирање и обука на теренски истражувачи.
Изборот на надворешниот експерт ќе се темели на претходното искуство и работа во областа. Односно, надворешниот експерт ќе биде избран врз основа на следните критериуми:
• Високо образование од областа на општествените науки;
• Повеќе од 5 години докажано работно искуство во наведената област и јавните политики;
• Познавање на националниот буџетски систем и прашања од областа на јавните финансии;
• Претходно искуство во подготовка и спроведување на истражувања, и анализи;
• Претходно искуство во родово буџетски иницијативи;
• Одлични комуникациски вештини;
• Одлично познавање на англиски јазик.
Експертот ќе биде ангажиран во периодот од 15.10. 2023 до 15.12.2023 година.
Сите заинтересирани кандидатки и кандидати треба да достават биографија со писмо за мотивација.
Потребните документи да се достават најдоцна до 15.09.2023 година, до 20.00 часот. , на електронска пошта на адреса: zdruzenienovus@gmail.com.