Центар за истражување и анализи НОВУС го спроведува проектот “Идентификување и промовирање на инклузивни решенија во услови на криза”. Проектните активности се насочени кон поттикнување на партиципативни процеси и употреба на алатки за истражување на еднаквост помеѓу мажи и жени во услови на криза во планирањето на програмите, буџетските политики и стратешкото планирање. Една од клучните проектни активности предвидува подготовка на анализа од теренско истражување за потребите на жените и мажите со интерсекциски пристап, преку разработување на инструменти за собирање податоци, регрутирање и обука на теренски истражувачи.
Надворешниот експерт ќе ги има следните обврски и задачи:
• Да разработи инструменти за собирање податоци;
• Креирање анкетен прашалник за потребите на истражувањето;
• Дефинирање на целна група релевантна за истражувањето;
• Спроведување обука за теренски истражувачи кои ќе работат на терен;
• Анализа на политики и преглед на национални и меѓународни извештаи, преглед на Локални планови за заштита и спасување (Закон за заштита и спасување), Локални програми за справување со кризи и катастрофи (Закон за ЛС), Локални оперативни планови (Закон за води), Планови за ризици и опасности од катастрофи (Методологија за процена на опасностите) и евентуално Регионални и локални планови за управување со ризици од поплави (ЕУ Директива за поплави), анализа на статистики во различни аспекти на животот, како на пример, плата, образование, здравство, достапност до ресурси, политичко и економско учество итн.
• Да ја консултира и земе предвид Проценката на буџетските процеси во Македонија и Прирачникот за родово одговорно буџетирање за администрацијата во Република Македонија, кои се објавени на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/publikacii-od-oblasta-na-ednakvite-moznosti.nspx)
• Подготовка на анализа на политиките со родова проценка на корисниците на буџетот кои делуваат на територија на Југоисточниот плански регион
• Да достави извештај до проектниот тим.
Врз основа на наведените обврски и задачи, надворешниот експерт треба ги да испорача следните документи:
• Работен план со временска рамка за извршување на обврските;
• Анкетен прашалник за потребите на истражувањето;
• Aнализа на политиките со родова проценка на корисниците на буџетот кои делуваат на територија на Југоисточниот плански регион;
• Извештај за постапките во текот на целосниот ангажман.
Изборот на надворешниот експерт ќе се темели на претходното искуство и работа во областа. Односно, надворешниот експерт ќе биде избран врз основа на следните критериуми:
• Високо образование од областа на општествените науки;
• Повеќе од 5 години докажано работно искуство во наведената област и јавните политики;
• Познавање на националниот буџетски систем и прашања од областа на јавните финансии;
• Претходно искуство во подготовка и спроведување на истражувања, и анализи;
• Претходно искуство во родово буџетски иницијативи;
• Одлични комуникациски вештини;
• Одлично познавање на англиски јазик.
Експертот ќе биде ангажиран во периодот од 15.10. 2023 до 15.12.2023 година.
Сите заинтересирани кандидатки и кандидати треба да достават биографија со писмо за мотивација.
Потребните документи да се достават најдоцна до 15.09.2023 година, до 20.00 часот. Документите можат да се достават по електронска пошта на следнава адреса: zdruzenienovus@gmail.com