За потребите на проектот “Информирана Локална Заедница: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди”, отвораме повик за доставување понуди за изработка на веб-платформа за локални перспективи на европска интеграција, што ќе биде интегрирана на постоечкиот веб-сајт на Медија Флеш – https://jugoinfo.mk/.
За проектот
Главна цел на проектот е преку развој на платформа на веќе постоечки веб сајт со цел зголемување на јавната свест и креирање на информативни платформи за локални перспективи за европска интеграција. Оваа платформа, достапна на веб-сајтот на нашата партнерска организација Медија Флеш и во соработка со медиумски органи, се овозможува на граѓаните и релевантните засегнати страни да се ангажираат и споделуваат позитивни искуства кои ќе го поддржат напорот за зголемување на европските перспективи на локално ниво. Во рамки на Платформата за активно учество на граѓаните, преку која ќе функционира долгорочно и по завршувањето на проектот. Секоја успешна практика, софтверски адаптирана за клучните области на Европската Унија, ќе биде достапна за сите граѓани и целни групи. Оваа активност има за цел да допринесе кон зголемување на јавната свест и обезбедување на конкретни локални перспективи за успешна европска интеграција.
За ангажманот
Ве покануваме да доставите понуда за изработка на веб платформа. Конкретните спецификации за веб платформата можете да ги најдете во документот „Технички-информации-за-ангажманот“.
Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда (документ во прилог, Анекс 3)
- Портфолио од релевантни проекти изработени од правниот субјект или експертот
На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Технички информации за ангажманот“.
Понудата треба да се достави не подоцна од 25.10.2024 година (петок), до 16:00 часот.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
Сите понудувачи кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.